Екипата на Воска Спорт запиша нови три бодови на табелата во Третата македонска фудбалска лига југо-запад победувајќи ја Сатеска со убедливи 4-1 во дерби средбата од втората рунда во шампионатот.

Локалното дерби ги исполни очекувањата и го задржа ривалитетот, без разлика што се игра во Третата лига. Двете екипи во првиот дел постигнаа по еден погодок. За Воска Спорт погоди Љубен Далчев, додека резултатот го изедначи Димитар Скепароски.

Гостите од „Грашница“ со три погодоци во второто полувреме го скршија противникот и ги освоија трите бодови. За 1-2 прецизен беше Мартин Нически, на 1-3 зголеми Далчев со вториот погодок на натпреварот, а конечните 1-4 ги постави Теофил Силјаноски.

  • Резултати:

Црно Буки – Лирија Грнчари 2-0

Стрела Спорт – Кравари 0-5

Мороишта – Караорман 0-2

Белица – Новаци 1-4

Фљамуртари – Преспа 2-0

Октиси – Победа 5-0

Сатеска – Воска Спорт 1-4

Влазними – Македонија 4-3

Табела: Воска Спорт 6, Караорман 6, Кравари 6, Новаци 6, Влазними 6, Преспа 3, Македонија 3, Октиси 3, Црно Буки 3, Фљамуртари 3, Победа 3, Сатеска 0, Искра 0, Лирија 0, Белица, Стрела Спорт 0

OhridNews