Фудбалерите на Воска Спорт наместо на „Грашница“ дерби средбата со Влазними во третата рунда во Третата македонска фудбалска лига југо-запад ќе ја одиграат на теренот со вештачка трева во склоп на СРЦ „Билјанини Извори“.

Воска Спорт и Влазними, имаат по максимални шест бодови по двете воведни рунди и натпреварот заслужено го доби дерби на колото.

Екипата на Сатеска први бодови во новата сезона ќе брка на гостувањето кај Победа Ивањевци.

Натпреварите се играат в недела во 14 часот.

  • Двојки:

Македонија Враништа – Црно Буки

Воска Спорт – Влазними

Победа Ивањевци – Сатеска

Преспа – Октиси

Новаци – Фљамуртари

Караорман – Белица

Кравари – Искра Мороишта

Лирија – Стрела Спорт

Табела: Воска Спорт 6, Караорман 6, Кравари 6, Новаци 6, Влазними 6, Преспа 3, Македонија 3, Октиси 3, Црно Буки 3, Фљамуртари 3, Победа 3, Сатеска 0, Искра 0, Лирија 0, Белица, Стрела Спорт 0

OhridNews