На 40 издание на фестивалот „Млада камера“ кој се одржува во Уничов, Република Чешка, Антонио Вељаноски од Охрид ја доби третата награда за документарниот филм „Поет на мал народ“.

Документарниот филм претставува портрет на македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски, а приказната се следи преку три негови песни:„ Куќа“, „Траума“ и „Ноќта е црна Liebe Marija“. Покрај поетот во филмот настапуваат Верица Недеска, Катерина Петреска, Александра Котушеска како и музичка илустрација на етно групата Љубојна.

Антонио Вељаноски ја следи завршната година на филмската академија ФАМУ во Прага, најстарата во Европа од која излегле познатите режисери и оскаровци Милош Форман, Јиржи Менцел, Емир Кустурица и др. Шеф на катедрата за монтажа, на која Вељаноски студира е македонскиот режисер Иво Трајков.

OhridNews