Пробаскет ја продолжи лошата серија на КК Колибри во Третата кошаркарска лига. Охридските кошаркари на гостувањето во Пробиштип го претрпеа третиот пораз во низа откако домаќините беа подобри со 65-56 (23-14, 14-19, 21-10, 7-13).


Вината за поразот, охриѓани треба да ја бараат во одбраната каде во првата и трета четвртина потклекна. Колибри скапо го плати поразот во Пробиштип, Наумоски во третиот период се здоби со тешка повреда на десниот скочен зглоб, по која неможеше да го продолжи мечот.


Најпрецизен во составот на Колибри беше Христовски со 20 поени, следуваа Митрески 12, Танаскоски 6, Танески 6, Бојоски 5, Ристески 4, Наумоски 3. Во наредната рунда КК Колибри на домашен терен ќе имаат можност да стават точка на негативната серија, во “Билјанини Извори“ гостува Бест од Гевгелија.

Мх.П.