Новите засилувања и новата сезона донесоа свежа крв во составот на Ливерпул. „Црвените“ на турнеајата во Австралија ја забележаа третата победа совладувајќи го тимот на Аделаиде Јунајтед со 2-0.
Избраницте на менаџерот Брендан Роџерс доминираа на теренот од самиот почеток, но дури по еден час игра го скршија отпорот на домаќините.
Прв мрежата ја начна Џејмс Милнер во 67-та минута, а конечните 2-0 ги постави новиот фудбалер Дени Ингс во 88-та минута.
Ohridnews