Екипата на Милан со 2-1 пред своите гледачи на Сан Сиро ја совлада Болоња и стави точка на серијата без победа во „Калчо“ лигата.

„Росонерите“ со триумфот над Болоња исто така го израдуваа Џенаро Гатузо кој во третиот меч на клупата од Милан стигна до првата победа.

Џокер, односно творец на победата беше Џакомо Вентура кој ги постигна двата погодоци. Првиот во 10-та минута за водство 1-0, а вториот во 76-та за предност 2-1 и конечна победа. Верди погоди за Болоња измеѓу головите на Бонавентура.

Трите бодови од дуелот на Сан Сиро одма донесоа позитивни работи за Милан на табелата. „Росонерите“ ја прескокнаа Фиорентина и со 24 поени се наоѓаат на седмата позиција.

OhridNews