Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во финалето од Роланд Гарос совладувајќи го со 3-2 во сетови Енди Мареј во полуфиналето.
Дуелот помеѓу двајцата добри пријатели и тенисери траеше два дена бидејќи еднаш мечот беше прекинат поради обилните врнежи во Париз.
Ѓоковиќ поведе со 2-0 во сетови, а со иста мера возврати и Мареј, кој пак немаше одговор во решавачкиот петти сет за расположениот српски тенисер.
Водечкиот на АТП рејтинг листата трет пат се пласира во финалето, но прв пат на спротивната страна нема да биде Рафа Надал туку Стен Вавринка, кој во 1/2 финалето го совлада домашниот тенисер Цонга.
Во досегашните две учества Србинот не стигнуваше до титулата, која му недостига во колекцијата трофеи од гренд слем турнирите.
Мх.П.