Данската тенисерка Каролин Вознијацки ја освои првата титула во третиот обид на грен слем турнирите. 27-годишната тенисерка во финалето на Австралија Опен ја совлада Романката Симона Халеп со 2-1 во сетови (7-6, 4-6, 6-4).

Првиот сет во тај брејк го доби данската тенисерка со 7-2. Вознијацки во тај брејкот се поправи, откако во текот на првиот сет пропушти водство од 4-1 и 5-2.

Вториот сет во кој романската тенисерка израмни на 1-1 во сетови помина изедначено. Првата носителка на ВТА листата со брејк во осмиот гем стигна до 5-3, а со гем на свој сервис да го заврши сетот.

Одлучувачкиот сет Вознајацки го започна со два добиени гема за водство 2-0. Предноста ја задржа и по четири одиграни гема 3-1, а потоа следуваше пад во играта кој Халеп го искористи и дојде до егал 4-4. Вознијацки на свој сервис не погреши и дојде до водство 5-4, а со трет бејк во третиот сет успеа да стигне до шестиот гем кој и донесе победа.

Титулата од австралискиот грен слем турнир е најголемо достигнување за данската тенисерка во кариерата. Претходно, симпатичната Вознијацки два пати стигнуваше до финалињата на грен слем турнирите и губеше, а од трета среќа и се посреќи и си го обезбеди своето име на еден од четирите престижни турнири во светот на тенисот.

OhridNews