Екипата на „Вис Пој“ триумфираше на Велигденскиот турнир во мал фудбал Охрид 2011. Во третото последователно финале „Вис Пој“ за прв пат успеа да го  освои трофејот. 

„Бекче“ беше тимот кој го плати цехот за сите досегашни порази во финалињата. Со тениски 6-1 “портокаловите“ се радуваа на трофејот.


Третото место го освои „Дисконт Царовски“ кој на пенали беше поуспешен од „Ликвид“.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Мишко Ѓорѓиевски, за најдобар голман беше прогласен голманот на „Дисконт Царовски“ , Петровски. Најдобар стрелец беше Артим Шаќири, а наградата за најферплеј екипа ја понесе „ГП Ремис“.

М.Постоловски