Охридскиот фудбалски регион ќе има три претставници во Третата македонска фудбалска лига, југо-западен регион, која ќе започне во последниот викенд од август.
Градскиот фудбалски клуб Охрид, Сатеска од Волино и Воска се охридски преставници во регионот, додека Лакочереј кој исто така избори пласман во Третата лига се фузираше со Караорман.
Покрај екипите, Охрид е застапен со десеттина судии, кои професионално си ја одработуваат задачата на теренот.
Ждрепката за новата сезона е закажана за 27-ми овој месец.
OhridNews