На улицата „Македонски просветители“  во тек е поставувањето на третата продавница за сувенири. Како што информира директорката на Завод и музеј- Охрид, Тања Паскали- Бунташеска, монтирањето на продавницата се очекува наскоро да заврши и да започне со работа во текот на месец ноември.

Останатите две продавници за сувенири во Охрид, кај чинарот и на градското пристаниште,  свечено беа  отворени во средината на септември. Како што тогаш истакна министерката за култура Елизабета Канческа- Милеска, одбраните локации за поставување на објектите се одлични ,и тие ќе имаат големо значење за гостите кои во нив ќе можат  да купат автентични сувенири кои го отсликуваат  нашето богато културно наследство и она што го поседуваме како држава.

Во продавниците може да се најдат копии од артефакти од сите археолошки локалитети во Охрид и Македонија . Меѓу нив се охридскиот бисер, копии од икони, фрески.

Т.К.