Доколку не сакате да потрошите голема сума пари на третмани против стареење, вашето лице можете да го подмладите и дома, но за тоа ќе ви биде потребна желба и упорност.

Следуваат некои од најуспешните третмани кои може да ги направите дома. 

1. Масажа на лицето
За младолика кожа важна е добрата циркулација, а таа може да се поттикне со мала масажа на лицето. Наутро и навечер нежно измасирајте го подрачјето под веѓите, околу очите, па до вашите образи. Оваа постапка ќе осигура добра циркулација, а со тоа ќе се спречи настанувањето на брчки околу вашите очи.

2. Вода, вода, вода

За чиста и блескава кожа мора да пиете многу вода. Заборавете на газираните пијалаци и кафе, за убава кожа мора да пиете големи количини на вода.

3. Масло со витамин Е

Маслото со овој витамин е многу популарно во Америка и Англија бидејќи не е премногу мрсно, а е одличен борец против брчки. Покрај тоа е многу поевтино од кремовите против стареење, а најчесто се купува во аптеките. Најпрво добро исчистете го вашето лице и нанесете од маслото, ќе бидете воодушевени од резултатот.