Третманите за убавина, освен што се здрави, се и забавни, а после нив веднаш ќе се чувствувате подобро. Следните третмани би требало да ги правите секоја недела:

1.Маска за коса
Еднаш неделно одвоите време дополнително да ја нахраните вашата коса, за да би била што поубава. Иако овој третман не е неопходно да го правите секоја недела, би било одлично да се придржувате кон тоа.

2.Маска за лице
Неделата е типичен ден за одмор. Освен одмарањето, одвоите време и за мал третман за убавина, како што е маската за лице. Можете да ја купите или пак да ја направите сами. Медот нека биде дел од неа. Исто така, важно е пред нанесувањето вашето лице да биде целосно чисто.

3.Педикир
Со брзото секојдневно темпо, вашите нозе и тоа како трпат, а посебно вашите стапала. Затоа одвоите време еднаш неделно на вашите уморни стапалада им приредите купка. Добро намокрете ги во топла вода, а потоа отстранете ги од нив мртвите клетки со камен за пети. Ако имате време направете маска и за стапалата.

4.Маникир
Вашите раце се непрестајно изложени на погледи, затоа погрижете се ноктите да ви бидат секогаш уредни, а рацете меки. Освен препаратите за нега од продавниците, од намирниците кои ги имате дома, исто така може да направите одличен производ за рацете да ви бидат што е можно помеки.

5.Пилинг-туш
Ќе потрае подолго од вообичаеното туширање. Природната луфа е идеална за тоа, бидејќи е направена од природен материјал, а не од синтетички влакна. Луфата потекнува од  егзотичен вид на тиква, а може да се користи секојдневно. Исто така идеална е за суви лакти.

6.Путер за тело
Иако телото секојдневно го негуваме со креми и лосиони, путерот за тело е подобар избор, бидејќи повеќе ја влажни кожата. Ќе ви остави поинакво чувство отколку обичните препарати. Задолжително испробајте.