На сцените во Дијамантската сала во хотелот Горица, и во црквата Св.Софија во наредните четири дена ќе настапат над 1000 хористи од четириесеттина хорови и пејачки групи од 16 држави.
Љубителите на хорското пеење, покрај натпреварувачкиот дел ќе можат да проследат настапи на отворено, концерти на фолклорна музика и на црковна музика, како и поп-музички изведби.