Наумче Јончески од Економското училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Охрид го освои третото место на државниот натпревар за „Лидер во струката“ кој деновиве се одржа во Гевгелија.
Јончески се натпреварувал во профилот економски техничар, под менторство на професорката Весна Карамитре.
Инаку во рамки натпреварите, учениците ги одмерувале своите знаења и во профилите: деловен секретар, правен техничар и банкарски техничар.
Учесниците на овој државен натпревар покажале најдобри резултати на интерните натпревари кои биле организирани на ниво на сeкoe училиштe.
OhridNews