„Трето полувреме“ се најде на списокот меѓу десетте кандидати за номинација на престижната награда Оскар, за филм од неанглиско говорно продрачје. 

За да биде подобро претставен пред  Американскиот филмски маркет, филмот на режисерот Дарко Митревски ќе биде прикажан денес, во салата „Вилсир“ во Беверли Хилс. Проекцијата ќе овозмозможи, подобро запознавање на членовите на Американската филмска академија со кандидатот за номинација на најпосакуваната филмска награда.


Филмскиот фонд на Македонија информира дека, како и секоја година, пријавува филм од земјава. Испратени се преку 1700 покани до професионалци и дистрибутери, кои ќе можат да ја проследат проекцијата на македонскиот кандидат. За промоција на европските филмови на проекциите за Оскар, ангажиран е американскиот публицист Татиана Детлофсон.

Инаку, проекциите се организирани од програмата МЕДИА на Европската Унија како и на Еуропеан Филм Промотион. Филмовите ќе бидат прикажни од 1-ви до 7-ми ноември на Американскиот филмски маркет.

OhridNews