Барселона со убедливи 4-1 го совлада градскиот ривал Еспањол во првиот осминафинален натпревар во Купот на Шпанија. Мечот покрај со голови изобилуваше со груби стартови и вербални дуели.
Тимот на Еспањол мечот го заврши со девет фудбалери откако играчите тотално се загубија по третиот и четвртиот погодок на домаќините.
По завршување на мечот расправијата меѓу играчите почнала во тунелот, а кулминирала во соблекувалните кога Луис Суарез ги нападнал фудбалерите на Еспањол.
Поголем инцидент спречил тренерот на Барселона, Луис Енрике кој го во моментот поминувал тука. По смирувањето на страстите направен е записник за немилите сцени под трибинскиот простор на Ноу Камп.
Ohridnews











