Третооделенецот Филип Ставрески кој е ученик во ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид освоил трето место на ликовниот конкурс од галеријата „Гала АРТ“ од Стара Загора, Бугарија, кој бил отворен од 10-ти јануари до 29-ти февруари 2016 година.
Од организаторите на конкурсот освен дипломата, Филип добил и комплет сликарски материјали, кои ќе може да ги користи во понатамошните ликовни активности.
На истиот конкурс ученичките Анабела Стефаноска и Стефанија Алацкоска од истоименото училиште добиле благодарници за успешно претставување.
Учениците на овој конкурс учествувале под менторство на наставничката Виолета Петковска.
OhridNews