По завршувањето на натпреварот Охрид – Дрита 0-0, во отсуство на голови, група градежници на кои им заврши работното време решија да го разгазат зелениот терен на помошното игралиште. Наместо топка се послужија со заштитниот шлем од еден работник, а погодокот френетично се прослави со фрлање еден врз друг, имајќи ја во предвид тежината на овие “фудбалери”, сигурно најтешко помина славеникот.

В.Б.