Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во третото тримесечје од 2012 година е понеповолна во однос на второто тримесечје од 2012 година, а понеповолна и во однос на третото тримесечје од 2011 година.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во третото тримесечје од 2012 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2012 година, а очекувањата за економската состојба во наредниот период се на исто ниво како во претходното тримесечје.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на третото тримесечје од 2012 година е намалена во однос на второто тримесечје од 2012 година.Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период во однос на второто тримесечје од 2012 година, се дека се малку понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во третото тримесечје од 2012 година забележале зголемување во однос на второто тримесечје од 2012 година.

Во третото тримесечје од 2012 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се зголемат. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2012 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 35.1%, зголемената конкуренција со 16.3% и зголемената понуда на пазарот со 15.3%.

OhridNews