Сите три се девојчиња. Живи, здрави и во прегратките на своите мајки.

Првото новороденче дојде на свет по природен пат во 01:17 часот. Тешко е 2800 грама, а високо 50 сантиметри. До сега, во нашата болница се родија уште две бебиња, и двете девојчиња, што најавува бериќетна година, изјави директорот на Општата болница Охрид д-р Горан Маркоски.
Новородените бебиња и нивните мајки попладнево ги посети градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. На првороденото од име на Општина Охрид тој му подари чек во вредност од 20000 денари, а на второ и третороденото бебе чек во вредност од 10000 денари.
Тоа е дел од нашата демографска политика која треба да биде наша општествена политика од највисок приоритет, истакна Пецаков.
Државниот совет за безбедност во сообраќај во соработка со Општинскиот совет за безбедност, подари безбедносни седишта за транспорст со цел подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот на најмладите
Во 2025 година во Општата болница во Охрид извршени биле 530 породувања.
Три бебиња се родија во Охрид во Новата година
Г.М.
Фото: А. Момироска





















