На прашањето што може вашето семејство да си дозволи со месечните примања, 27,9 отсто од испитаниците одговориле дека можат да си купат само храна, 46,8 отсто можат да си купат храна и да платат сметки за домување, 18 отсто храна, сметки и неопходни производи, а 5,4 отсто можат да си дозволат се што сакаат.
Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека власта го троши буџетот во своја корист, а не во корист на граѓаните.
На прашањето дали власта го троши државниот буџет во корист на граѓаните или во своја корист, 18,5 отсто одговориле дека буџетот се троши во корист на граѓаните, а 54,2 отсто дека владата го троши буџетот во своја корист.
Две третини од граѓаните сметаат дека Владата лошо се справува со сиромаштијата и невработеноста.
На прашањето како Владата се справува со сиромаштијата и невработеноста, 21,1 отсто одговориле „добро“, а 64,5 отсто одговирле „лошо“.
Анкетата е спроведена на национално ниво, а опфатени биле 1116 испитаници.