Италијанскиот стручњак Клаудио Раниери има три мечеви да ја спаси својата менаџерска позиција во актуелниот шампион во Премеир лигата, Лестер.
„Лисиците“, неочекувано имаат вртоглав пад на формата и после поразот од Манчестер Јунајтед на домашен терен паднаа на 16-та позиција со само бод предност од опасната зона.
Последни три шанси за Раниери се натпреварот со Дерби во ФА Купот, дуелот со Свонси во Премиер лигата и настапот против Севиља во Лигата на Шампиони.
– Се уште верувам во фудбалерите и тие во мене и мислам дека ќе излеземе победници од сево ова што ни се случува. И минатата година кога бевме шампиони ркеов дека наша цел е да опстанеме, така и сега. – изјави Раниери.
Во последните пет натпревари во Премиер лигата шампионот има претрпено дури четири порази и со еден освоен бод е најслабо рангиран во новата 2017 година.
OhridNews