Во 1998 годин охриѓанецот Скендер Селим, ја формира стакларската фирма „Скендер пром“, која низ годините прераснува во успешна и препознатлива бизнис приказна која одамна ги има надминато локалните рамки. Основачот го наследува неговиот син Неат, а негова замена е младиот Ненад, кој иако само што влезен во дваесеттите, со полна пареа работи во семејната фирма која е пример како посветеноста и големиот труд се преточуваат во успех.

Стакларата „Скендер пром“, која долги години работи во погонот на „Железничка“, сега влегува во нова фаза од развојот со нов, модерен погон во кој оперира современа, супер прецизна ЦНЦ машина која може да ги изведе сите можни видови агли наа стакло. Новиот погон на „Скендер пром“ лоциран на патот за Велгошти, непосредно до отпадот, вчера официјално беше пуштен во употреба.

Ја прошируваме работата со нова машинерија и нова технологија со ЦНЦ линија и машина за перење, сушење и пресовање на стакло и цела линија за производство на термопан стакла. Тука ќе се произведуваат сите видови на стакло од 4 мм до 20 мм, единечно стакло, термопан прозори, балконски врати, памфлекс стакла,  огледала и стакла за маса, фиксни паравани… – вели младиот Ненад Селим.

„Скендер пром“ освен во Охрид и градовите од регионот работи низ целата држава, но и во странство, каде редовно ги извезува своите производи. Потписот на „Скендер пром“ стои зад стаклените џинови „Џеваир“ во Скопје, каде сега се монтира стакларијата на четвртиот небодер.

Тоа е исклучително комплексна работа, специфична, бидејќи се работи за триесеткатници, каде се употребуваа дигалки и друга машинерија за прецизна монтажа. – додава Ненад Селим.

Во моментов најмногу на пазарот се бара четирисезонското повеќекоморно термопан стакло погодно за сите времекси прилики, кое заштедува енергија и е одличен звучен изолатор, вели Ненад.

Овој вид стакло дава 98% топлинска и звучна изолација. – додава најмладиот Селим.

На пригодната свеченост по повод пуштањето во употреба на новиот погон на стакларата „Скендер пром“ присуствуваа деловни партнери на фирмата, вработени, гости и блиски на семејството Селим.

Г.М.

Фото галерија:

Три генерации на охридското семејство Селим ја негуваат стакларската традиција, сега со нов и модерен погон