Регионалниот центар Запад поднесе криична пријава против Х.А. (42) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување на исправа”.

На ден 25.08.2016 година во 02.30 на ГП Ќафасан, при контрола на товарно моторно возило со полуприколка, кое го управувал пријавениот, било утврдено дека е извршен фалсификат над идентификационите ознаки на полуприколката, односно истите по механички пат биле преправени. Од преземени мерки било утврдено дека товарното возило и приколката биле на фирма сопственост на негов роднина Р.Х. за кого работел подолго време, а возилото го управувал веќе три години во кој период немал никакви проблеми.

OhridNews