Се поизвесно е дека Манчестер Јунајтед од следната сезона ќе добие нов менаџер во името на португалскиот стратег Жозе Мурињо.
Како што пренесуваат медиумите од Португалија, Мурињо има потпишано веќе договор со „црвените ѓаволи“ од време траење три години, а ќе заработува 20 милиони евра по сезона.
Мурињо негира било каков договор со Манчестер Јунајтед, но медиумите се повеќе пишуваат дека „специјалниот“ е изборот на управата за нов менаџер.
На позицијата менаџер Португалецот ќе го замени Холанѓанецот, Луис ван Гал кој не ги исполни очекувањата на навивачите.
OhridNews











