„Виолетовите“ од Фиренца со 2-1 го совладаа Интер во натпревар кој во целост го оправда епитот дерби на колото во италијанска Серија А.
До победата домашните фудбалери стигнаа со пресврт во вториот дел откако за гостите погоди Марсело Брозовиќ во првото полувреме.
Во игра за поволен резултат Фиорентина ја врати Борха Валеро, а по примениот погодок Интер остана со фудбалер помалку главниот судија го исклучи Телес.
Бројчаната предност на теренот домаќините ја искористија во првата минута од судиското продолжение кога Бабакар со многу среќа постигна гол вреден победа.
По завршување на мечот главниот судија му додели црвен картон и на Кондогбија кој сакаше да се пресмета со домашните фудбалери.
Во самиот финиш од мечот и Фиорентина остана со десет фудбалери на теренот. директен црвен картон заработи Мауро Зарате.
Резултати: Милан – Џенова 2-1, Палермо – Торино 1-3, Сампдорија – Аталанта 0-0, Удинезе – Болоња 1-1, Фиорентина – Интер 2-1.
OhridNews











