Три лица во Велика Британија осудени се вкупно 17 години в затвор поради нелегални преноси на мечеви од Премиер лигата една цела деценија.

Судењето на трите лица траело еден месец низ кое докажано дека покрај нелегалните преноси имаат заработено 5 милиони фунти.

Осудениците ја искористиле ИПТВ платформата и пренесувале натпревари надвор од границите на Велика Бритинија. Мечевите кои се пренесувани илегално се уште можат да се најдат на разни пиратски сајтови и торенти.

Судот, а ниту полицијата не изнесоа податоци како дојде од откривање на мрежата која една деценија заработувала на илегален начин емитувајќи мечеви од највозбудливата фудбалска лига во светот.

OhridNews