На 21.01.2026 година во 19:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на 19.01.2026 година во 18 часот, во охридското село Свињишта бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од три лица, врз 62-годишно лице.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот и по целосно документирање, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

OhridNews