Денеска во 00.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Ресен, кај с.Лескоец, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 31 годишно лице од Охрид и патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 53 годишно лице од с. Горно Оризари, битолско, информираат од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „опел“, констатирани во Општа болница Охрид, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „пежо“ и неговиот сопатник од Охрид, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews