На 25.09.2026 во 20:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Подмоље – Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 2008“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 59-годишно лице од Струмица и патничко возило „форд фиеста“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 41-годишна жена од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената од Кичево, а со телесни повреди се здобил возачот на пежото и неговиот сопатник од Струмица, констатирани во Медицински центар Струга, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
OhridNews











