Едно лице се здоби со тешка телесна повреда, а две со полесни повреди во сообраќајната незгода што вчера, во 16 часот и 10 минути се случила кај селото Подмоље, на магистралниот пат Кичево –Охрид.

Незгодата се случила во момент кога патничко моторно возило марка „Застава-југо со охридски регистарски таблици, движејки се од Кичево кон Охрид, преминало на спротивната коловозна лента и со левиот преден дел се судрило со патничко моторно возило марка „Опел астра„ со охридски регистарски таблици кое во моментот било запрено надвор од коловозот со намера да се вклучи на магистралниот пат во правец кон Кичево.

Сообраќајната незгода се случила поради неприлагодена брзина според условите и состојбата на магистралниот пат, поради која, возачот на возилото „Застава-југо„ изгубил контрола врз возилото, по што истото преминало на левата страна од коловозната лента.
   
На местото на сообракајната незгода, извршен е увид во присуство на Истражен Судија при Основниот Суд Охрид како и Полициски екипи од СВР Охрид. По наредба на истражниот Судија, на лице место, овластен судски вештак  изврши  вештачење врз патничките моторни возила.

OhridNews