Фудбалерот на Арсенал, Оливие Жиру ќе паузира три натпревари поради црвениот картон, кој го доби на мечот со Квинс Парк Ренџерс.


Французинот при резултат 2-0 за „топчиите“ со глава го удри фудбалерот од КПР, главниот судија беше во непосредна близина и веднаш го испрати во соблекувалните. Ударот на Жиру наликуваше на оној од Зинедин Зидан во финалето на Светското првенство 2006 година кога го нокаутираше Марко Матераци.


Напаѓачот ќе ги пропушти натпреварите со Вест Хем и Саутемтон во Премиер лигата и дуелот ос Хул во ФА купот.

Мх.П.