Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане ќе паузира три натпревари поради црвениот картон добиен на мечот со Манчестер Сити во Премиер лигата.
Мане остро стартуваше над голманот Едерсон кој заврши во болница со сериозни повреди на лицето.
Во одлуката на дисциплинската комисија не вродија со плод апелите од менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп кој апелираше дека стартот не беше намерен.
Брзоногиот фудбалер ќе ги пропушти двата мечеви со Лестер во Лига купот и Премиер лигата и дуелот со Барнли во националниот шампионат.
OhridNews