Екипата на Лабуништа со три новајлии и еден повратник во составот ќе ги започне зимските подготовки за втората полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад. Нови имиња во клубот се Александар Далчески, Сумер Хасан и Донарт Бајрами додека повратник е Бојан Спиркоски кој ја залечи тешката повреда на коленото.

Стратегот на „црно белите“ Пепи Џигероски ќе прозива на 15 јанаури, а подготовките ќе се одвиваат на релациија Струга – Охрид каде ќе се подготвуваат екипи од земјава и странство.

  • Полека но сигурно завршуваат техничките работи пред почетокот на зимските подготовки на екипата. Донесовме фудбалери кои дополнително ќе го кренат квалитативното ниво во составот и ќе ни помогнат во остварување на нашата зацртана цел. – изјави директорката Ивана Лескароска.

Тимот на Лабуништа во првиот дел од Втората МФЛ финишираше на четвртата позиција со три бодови помалку од лидерот на табелата и есенскиот шампион Пелистер.

OhridNews