Три нови авиокомпании доставиле барање до Агенцијата за цивилно воздухопловство за да се вклучат во авиосообраќајот во земјава, информира „Дневник“.

Шведската авиокомпанија„Ер Свидан АБ“ планира по добивање на дозволата од АЦВ да лета од 28 февруари до 30 март на релација Умеа (Шведска) – Копенхаген (Данска) – Скопје и обратно, и тоа два пати неделно, во понеделник и во петок.

Освен „Ер Свидан“, од 1 април годинава на релација Сараево-Скопје и обратно планира да почне да лета и босанската национална авиокомпанија „БХ ерлајнс“. Со летниот ред на летање компанијата ќе оперира од Скопје до Сараево и обратно четирипати неделно (во понеделник, среда, петок и во недела).

Во чартер-летовите, во рамки на зимскиот ред на летање, од 27 јануари до 31 март, ќе се вклучи и шпанската компанија „Алба стар ерлајнс“ на релација Рим – Скопје- Скопје – Рим.

OhridNews