Охридските боксери во третата рунда од шампионатот забележаа три победи во исто толку борби.

Во категоријата до 64 килограми Сашо Лескароски со нокаут во првата рунда го совлада Мендо Џелаини од тимот Тернипе додека иста победа со нокат извојува Бојан Ристевски во категоријата до 69кг против Мухамед Кадриев од екипата на Баргала.

Одличниот викенд за охриѓани го комплетирапе “тешкашот“ Илче Лангоски, кој победи против Синан Џеладин од Скупи откако противничкиот боксер ја предаде борбата поради повреда на коленото.

За четвртиот преставник боксерскиот клуб Охрид, Димитар Јованоски немаше противник и во третата рунда беше слободен.

Со најмалце боксери во тимот охриѓани котираат високо на третата позиција во генералниот пласман.

Мх.П.