ГРК Охрид забележа и втора гостинска победа во Регионалната лига. „Гладијаторите“ го совлада Динамо Панчево во натпревар од 3 коло од Регионалната лига со 28:30.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Доминик Мате со 8 погодоци.
Претходно Охрид на гости ја совлада Будванска ривиера, а дома беше поуспешен од Војводина.
Следен предизвик на ГРК Охрид е Супер купот на Македонија, во кој ќе се сретне со Вардар 1961. Мечот се игра во Гевгелија на 2 септември.
Г.М.













