Тетовска Шкендија ја продолжи жетвата на Куп трофеи во Охрид, откако триумфираше во конкуренцијата помлади пионери. Третиот пехар во третото финале „црвено црните“ го освоија победувајќи го Работнички после изведувањето на пеналите 5-4 (1-1).

– Пресуди нашата голема желба за победа, бидејќи Работнички не многу, но е подобар од нас. Од се срце им честитам на фудбалерите, кои одиграа пожртвувано и борбено до последната секунда. Што се однесува до мечот, Работнички играше подобро во првото полувреме иако ние прво поведовме. Во вториот дел ги контролиравме работите на теренот, создадовме неколку прилики, но недостасуваше погодокот. – изјави тренерот на тетовчани, Ибраим Љума.

Претходно, Шкендија пехарот го освои во кадетската конкуренција со победата над Пелистер односно во младинската со триумфот над Работнички.

OhridNews