Охридските атлетичари се закитија со три одличја на фрлачкото државно првенство, кое се одржа викендов во нашата земја.

Две од трите одличја освои Стефан Стефаноски. Тој победи во дисциплината диск со фрлени 44,6 метри, а трет финишираше во копје со скор од 37,15 метри. Сребрен медал освои младиот Симеон Јовановски во дисциплината копје со фрлени 15,15 метри.

Блажо Љушев и Миле Јовановски имаа добри резултати во дисциплините каде се натпреваруваа, но не беа доволни за медал.

OhridNews