Карате клубот „Чоле“ до Охрид освои три одличја на турнирот „Никон Опен“ кој е еден од најквалитетните и најмасовните на Балканот.

На турнирот во Бугарија учествуваа најдобрите каратисти од 23 земји, а охридскиот клуб настапи со пет натпреварувачи. Александар Бојчоски, Горан Вранишкоски и Стефан Петрески се закитија со бронзени медали во своите категории.

Охридските каратисти со освојувањето на трите одличја имаа успешен почеток на сезоната и најава за предизвиците кои допрва следуваат на национално и интернационално ниво.

OhridNews