Викендов по падините на Попова Шапка во организација на велосипедскиот клуб „Евил Бајкерс Тим“ од Скопје и Велосипедската федерација на Македонија се одржа редовен натпревар за бодовната листа за оваа сезона во категоријата на планински велосипедизам.


Прекрасното време и одлично подготвената патека по падините на Шара понудија навистина интересен натпревар. Патеката во должина од 3,4 км, обележана со жолта лента од двете страни наликуваше како патека подготвена за скијачки натпревар, кратки но екстремни угорнини и надолнини беа предизвик да се остане на велосипедот на лизгавата подлогата од трева. За учество во натпреварот се пријавија шеесетина велосипедисти во четири категории за бодовната листа и рекреативците – хоби во две поткатегодии жени и мажи. ВК Екодром на стартната рамнина се појави со десет велосипедисти кои мошне успешно ја извозија патекта без проблеми и падови.


– Голем успех и издржливост на патеката покажа нашата млада натпреварувачка Теодора Алексиоска која во категоријата на жени успеа да го освои сребрениот медал, во најсилна категорија – сениорската, Коста Митрески се избори за бронзен медал, а нашиот балкански шампион Јован Јованоски недостижен во својата класа, очекувано повторно се закити со злато, задоволно информираат од „Екодром“. Јован покрај успехот севкупно  го извози и најбрзиот круг на патеката со време од 11 минути и 22 секунди, што е за 38 секунди побрзо од очекуваните 12 минути, според статистиката од организаторот.


Одличен испех на натпреварот во категоријата кадети постигнаа  членовите: Петар Упевчески  на четвртата позиција, Андреј Хаџи Василев на петтата позиција и Новица Вељаноски на шестата позиција, и во категоријата на Сениори, Семир Мавмудоски на шестата позиција со што клубот „Екодром“ севкупно на ранг листата освои нови 56 бода.



Голем успех постигнаа и најмладите натпреварувачи на „Екодром“, кои во класата хоби од вкупно 26 учесници освоија осмо место- Александар Колески, дванаесетото место – Михаил Тасески и седумнаесето место – Јаков Јованоски,

Ohridnews