Викендов во Спортско рекреативната сала „Билјанини Извори“ во Охрид се одржа една рунда од поединечното Државно првенство во бокс за натпреварувачката 2019 година. Боксерите од охридскиот клуб „Алексо Огненовски“, остварија позитивен биланс со три победи и еден пораз.

Од четирите борби за издојување се победите во одличните борби на Енис Алиу и Ферит Хоџа.  Во Охрид во оваа сезона за прв пат се одржа борба во женска конкуренција. Охриѓанката Ана Мацеска ја совлада противничката од тимот на Пинк Пантер за голема радост во Охрид.

На трибините во Охрид беше селекторот на Македонија, Хесус Сојет од Куба кој го комплетираше списокот на талентирани боксери кои ќе ја претставуваат нашата земја на интернационално ниво.