Екипите на Охрид, Радовиш и Еурофарм Работник нови бодови табелата во Супер лигата запишаа победувајќи пред своите гледачи, додека битолски Пелистер славеше на гостинско тло во 15-та рунда од Супер лигата.

Охриѓани со триумфот над Борец 33-22 го осигураа местото во плејофот, „фармацефтите“ го сомлеа Приле со 35-11, а Радовиш во дербито на колото со Пролет славеше со тесни 27-26. „Зелено белите“ разликата на табелата со градскиот ривал ја задржаа со победата над Вардар Јуниор 32-25 во Скопје.

Последните две рунди од регуларниот дел од Супер лигата ќе поминат во собирање на бодови за опстанок, бидејќи дилемите околу патниците во плејофот се решени. Во разигрувањето покрај Вардар и Металург ќе учествуваат Пелистер, Еурофарм Работни, Охрид и Пролет.

Резултати: Охрид – Борец 33-22, Радовиш – Пролет 27-26, Еурофарм Работник – Прилеп 35-11, Вардар Јуниор – Пелистер 25-32.

Табела: Пелистер 39, Еурофарм Работник 34, Пролет 28, Охрид 28, Радовиш 20, Прилеп 13, Борец 10, Металург 2 7, Вардар Јуниор 6.

Двојки 15.коло: Пелистер – Еурофарм Работник, Пролет – Металург 2, Борец – Радовиш, Прилеп – Охрид.

OhridNews