Eintracht F.-Wolfsburg 2 (1.95)

Вечерва во германската Бундес Лига играат Ајнтрахт Франкфурт-Волфсбург,а наш избор се гостите.

Екипата на Ајнтрахт се наоѓа на 9-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа против екипата на Бремен со 5:2,два нерешени натпревари (Херта 4:4,Леверкузен 1:1) и два порази (Хофенхеим 3:2,Фрајбург 4:1).

Од друга страна пак гостите од Волфсбург се на втората позиција и се во одлична форма,на последните 5 натпревари имаат 3 победи (Хановер 1:3,Келн 2:1,Баерн Минхен 4:1) и два нерешени натпревари (Падерборн 1:1,Дортмунд 2:2).

И традицијата е на страна на гостите,на последните 17 меѓусебни натпревари имаат 6 победи,9 нерешени натпревари и 2 порази од екипата на Ајнтрахт.

Mönchengladbach-Freiburg 1 (1.6)

Друг интересен натпревар во рамките на Бундес Лигата вечерва е натпреварот Борусија Менхенгладбах-Фрајбург,а ние типуваме на домаќинот.

Екипата на Менхенгладбах се наоѓа на 3-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 3 победи (Херта 3:2,Бремен 4:1,Штутгард 0:1),еден нерешен натпревар со Леверкузен со 1:1 и пораз од Аусбург со 2:1.

Од друга страна пак Фрајбург се наоѓа на 14-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа против Ајнтрахт со 4:1,три нерешени натпревари (Падерборн 1:1,Хамбург 0:0,Хановер 2:2) и пораз од Баерн Минхен со 2:0.

По традиција пак за нијанса подобри се гостите со 8 победи,7 нерешени натпревари и 6 порази од екипата на Борусија.

Youzhny M.-Kavcic B. 1 (1.5)

Попладнево во Загреб играат Јужни-Кавчич,а ние типуваме на Јужни.

Јужни до сега два пати го освои овој турнир,еднаш во сингл и еднаш во парови и има вкупно 12 победи.Минатата година Јужни имаше 19 победи и се очекува годинава да биде подобар.

Од друга страна словенецот Кавчич не е во форма,минатата недела изигра слабо во Хонг Конг,имаше отворен пат до финалето,а загуби од 18 годишниот Чунг кој го остави на 5 гема.Во секој случај Чунг е далеку послаб од Јужни кој го победува на Кавчич до сега два пати.  

Анализа на предлог типовите за јануари.