Crystal Palace-Southampton 2 (2.25)

Денес се играат натпреварите од 18-то коло во рамките на Премиер лигата.Наш избор е натпреварот Кристал Палас-Саутемптон,а типуваме на гостите.

Екипата на Кристал Палас се наоѓа на 17-та позиција и на последните 5 натпревари имаат три нерешени натпревари (Свонси 1:1,Тотенхем 0:0,Стоук 1:1) и два порази (Астон Вила 0:1,Манчестер Сити 3:0).

Од друга страна пак Саутемптон по кризата полека но сигурно се враќа во форма,се наоѓа на 5-та позиција и по 4-те последователни порази (Манчестер Сити 0:3,Арсенал 1:0,Манчестер Јунајтед 1:2,Барнли 1:0),издвојуваа победа против Евертон со 3:0.

И традицијата е на страна на Саутемптон кој против Кристал Палас победуваат 6 пати (последните 4 натпревари во низа),5 пати играат нерешено и 4 пати триумф издвојувала екипата на Кристал Палас.

Manchester Utd.-Newcastle 1 (1.4)

Друг интересен натпревар денес е натпреварот Манчестер Јунајтед-Њукасл,а ние типуваме на домаќинот.

Екипата на Јунајтед се наоѓа на 3-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 4 победи (Хал 3:0,Стоук 2:1,Саутемптон 1:2,Ливерпул 3:0) и еден нерешен натпревар со Астон Вила со 1:1.

Од друга страна пак Њукасл се наоѓа на 9-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа против Челзи со 2:1,еден нерешен натпревар со Барнли со 1:1 и три порази (Вест Хем 1:0,Арсенал 4:1,Сандерленд 0:1).

На последните 10 меѓусебни натпревари,традицијата е на страна на домаќинот кој има 6 победи,2 нерешени натпревари и 2 порази од екипата на Њукасл.

West Bromwich-Manchester City ГГ и 3+ (2.2)

Денес играат и ВБА-Манчестер Сити,а ние типуваме на двете екипи даваат гол и 3 или повеќе голови.

Екипата на ВБА се наоѓа на 15-та позиција и од последните 5 натпревари имаат 2 натпревари со скор ГГ и 3+ (Вест Хем 1:2,КПР 3:2).

Од друга страна Манчестер Сити се наоѓа на 2-та позиција и од последните 5 натпревари само со Сандерленд изиграле со скор ГГ и 3+,издвојуваа триумф на гости со 1:4.

И последните два меѓусебни натпревари овие две екипи ги одиграле со скор ГГ и 3+.

Статистиката е на страната од предлог типовите на Ohrid News.