Bayern München-Roma 1 и 3+ (1.75)
Вечерва продолжуваат возбудувањата во рамките на Лигата На Шампиони.Играат Баерн Минхен-Рома,а типуваме на домаќинот и 3 или повеќе голови.
Екипата на Баерн Минхен се наоѓа на првата позиција со 3 победи на 3 одиграни натпревари (Манчестер Сити 1:0,ЦСКА Москва 0:1,Рома 1:7).
Од друга страна екипата на Рома е на втората позиција со една победа против ЦСКА Москва со 5:1,еден нерешен натпревар со Манчестер Сити со 1:1 и пораз од Баерн Минхен со 1:7 дома.
Според традиција за нијанса е подобар домаќинот со две победи и еден пораз.
Повредени играчи на Баерн Минхен: Бадштубер,Хави Мартинез,Рејна,Швајнштајгер,Старк,Тиаго Алкантара.
Повредени играчи на Рома: Астори,Леандро Кастан,Бориело,Мајкон,Стротман.
Manchester City-CSKA M. 1 и 3+ (1.65)
Друг интересен натпревар вечерва е натпреварот Манчестер Сити-ЦСКА Москва,а ние типуваме на домаќинот и 3 или повеќе голови.
Екипата на Манчестер Сити е трета во групата и со евентуален труимф денес си ја продолжуваат шансата за втората позиција,на последните 3 натпревари имаат два нерешени натпревари (Рома 1:1,ЦСКА Москва 2:2) и пораз од Баерн Минхен со 1:0.
Од друга страна пак ЦСКА е последна со еден нерешен натпревар со Манчестер Сити со 2:2 и два порази (Рома 5:1,Баерн Минхен 0:1).
И традицијата е на страна на домаќинот кој има одиграно 3 дуели против ЦСКА,а два пати триумфирале и еднаш завршиле без победник.
Повредени играчи на Манчестер Сити:Коларов,Лампард,Мангала,Силва.
Повредени играчи на ЦСКА Москва: Елм,Панченко
Novosibirsk-Slovan B. 1 (2.15)
Поладнево во руската КХЛ играат Новосибирск-Слован Братислава,а ние типуваме на домаќинот.
Екипата на Новосибирск се наоѓа на 6-та позиција во Источната Конференција и на последните 5 натпревари имаат две победи во регурларниот дел (Слован 2:3,Динамо Минск 1:4),еден пораз во продолжението од Сочи со 1:2 и два порази во регуларниот дел (Динамо Москва 3:5,Медведшчак 2:0).
Од друга страна пак Слован игра во Западната Конференција,се наоѓа на 8-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 3 победи во регуларниот дел (Низнекамск 1:3,Лада 3:6,Владивосток 4:1) и два порази во регуларниот дел (Новосибирск 2:3,Кхабаровск 1:3).
Според традиција пак овие две екипи се изедначени со по две победи и еден нерешен натпревар.