Magnitogorsk-Medvescak Z. 1 (1.44)
Попладнево се играат натпреварите од Континенталната Лига во хокеј на мраз.Играат Магнитогорск-Медведшчак,а ние типуваме на домаќиот.
Екипата на Магнитогорск е минатогодишниот шампион во Континенталната Лига,а на последните 5 натпревари имаат 3 победи во регуларниот дел,една победа на пенали и еден пораз.
Од друга страна пак екипата на Медведшчак имаат смена скоро на цела постава и на последните 5 натпревари имаат 5 порази.
До сега овие две екипи имаат два пати играно меѓусебе и по еднаш и двете триумфирале.
Serbia-Brazil хен.1 (+4.5) (1.9)
Попладнево се играат останатите четвртфинални натпревари на Светското Првенство во кошарка во Шпанија.Играат Србија-Бразил.Наш избор е хендикеп со 4.5 коша во корист на Србија.
Репрезентацијата на Србија на послените 5 натпревари имаат две победи (нашиот јужен сосед 90:72,Иран 83:70) и три порази (Шпанија 73:89,Бразил 73:81,Франција 73:74).
Од друга страна пак репрезентацијата на Бразил е во одлична форма и на последните 5 натпревари имаат 4 победи (Аргентина 85:65,Египет 128:65,Србија 81:73,Иран 79:50) и пораз од Шпанија со 82:63.
До сега овие две репрезентации имаат одиграно еден дуел а тоа е минатонеделниот триумф на Бразил со 81:73.
Spain-France хен.2 (-16.5) (1.9)
Другиот четвртфинален натпревар е натпреварот помеѓу домаќинот Шпанија и Франција а ние типуваме на хендикеп 2 во корист на Франција со 16.5 коша плус.
Репрезентацијата на Шпанија на последните 5 натпревари имаат 5 победи (Сенегал 89:56,Србија 89:73,Франција 88:64,Бразил 82:63,Египет 91:54).
Од друга страна Франција на последните 5 натпревари имаат 4 победи (Хрватска 69:64,Иран 81:76,Египет 94:55,Србија 74:73) и пораз од Шпанија со 88:64.
Според традиција без сомнение се подобри домаќините кои од 12 натпревари со Франција имаат 10 победи и само два порази.