Australia-Holland 2 и 4+ (2.55)

Вечерва продолжуваат натпреварите во рамките на Светското Првенство во Бразил,а наш избор е натпреварот Австралија-Холандија и типуваме на холанѓаните.

Репрезентацијата на Австралија во првиот меч загуби од репрезентацијата на Чиле со 3:1 и е аутсајдер во Групата Б.

Од друга страна одличната репрезентација на Холандија на првиот натпревар од Светското Првенство и се реваншира на репрезентацијата на Шпанија за поразот во финалето на последното Светско Првенство во Јужна Африка.Со евентуална победа вечерва репрезентацијата на Холандија е во осмина финалето.

До сега овие две репрезентации одиграле три меѓусебни натпревари,еднаш триумфирале Холанѓаните и два пати завршиле без победник.

Spain-Chile 1 (1.7)

Вториот натпревар за вечерва од Светското Првенство е Шпанија-Чиле,а наш избор е бранителот на титулата Шпанија.

Репрезентацијата на Шпанија на првиот натпревар беше декласирана од Холандија со 5:1 и вечерва Шпанија мора да победи ако сака понатаму.

Од друга страна и репрезентацијата на Чиле не е за потценување.Тие на првиот натпревар ја декласираа Австралија со 3:1.

И традицијата е на страна на репрезентацијата на Шпанија,која против Чиле има одиграно 5 натпревари,а дури на 4 триумфирала и еднаш завршиле без победник.

Cameroon-Croatia 2 (1.7)

По нерешениот натпревар помеѓу Бразил и Мексико се отвара простор и за репрезентацијата на Хрватска која вечерва мора да триумфира против далеку послабиот Камерун кој е аутсајдер во групата.

На првиот натпревар репрезентацијта на Хрватска беше поразена од Бразил со 3:1 и вечерва преку Камерун ќе проба да се доближи и да ја загрози репрезентацијата на Мексико.

Од друга страна Камерун имаат среќа што не го загубија првиот меч со Мексико и со повеќе од 3 голови разлика.

До сега овие две репрезентации се немаат сретнато.