Hoffenheim-Wolfsburg 3+ (1.55)

Денес се затвара 23-то коло во германската Бундес лига,играат Хофенхеим-Волфсбург.Нема да можеме точно да знаеме кој ќе триумфира,но знаеме дека ќе има 3 или повеќе голови,знаејќи го фактот дека Хофенхеим во последните 30 натпревари во Бундес лигата дури 27 има изиграно со 3 или повеќе голови.

Хофенхеим се наоѓа на 10-та позиција и во последните 5 натпревари имаат 2 победи (Штутгарт 4:1,Хамбургер 3:0),2 нерешени натпревари (Менхенгладбах 2:2,Фрајбург 1:1) и 1 пораз од екипата на Нирнберг со резултат 4:0.

Од друга страна Волфсбург се наоѓа на 5-та позиција и во последните 5 натпревари имаат 3 победи во низа (Леверкузен 3:1,Херта 1:2,Маинц 3:0) и 2 порази (Шалке 2:1,Хановер 1:3).

Друга причина за нашиот избор е и нивниот последен натпревар во купот кој заврши со триумф на Волфсбург со резултат 3:2.

Според традицијата подобра е екипата на Волфсбург со 7 победи 2 нерешени натпревари и 3 порази,а давала по 2.4 голови по натпревар,додека Хофенхеим давале по 1.5 голови по натпревар.

Sassuolo-Parma 2 (2.2)

Денес продолжува 26-то коло во италјанското Калчо.Наш избор е екипата на Парма која важи за апсолутен фаворит.

Екипата на Саусоло е во много лоша форма и во последните 5 натпревари има 5 порази (Лацио 3:2,Наполи 0:2,Интер 1:0,Верона 1:2,Ливорно 3:1).

Парма од друга страна пак во последните 4 натпревари е без пораз и има 2 победи (Аталанта 0:4,Удинезе 1:0) и два нерешени натпревари (Фиорентина 2:2,Катаниа 0:0).

Традицијата е пак горе долу изедначена така од 3 натпревари кои меѓусебно ги одиграле овие две екипи само еднаш триумфирала екипата Парма со резултат 3:1 и два пати завршиле нерешено (2:2 и 1:1). Останува да видиме дали Парма ќе ја оправда својата улога и ќе се доближи до водечката 5-ка.

Verona-Bologna 1 (2.0)

Друг интересен натпревар за типување е натпреварот помеѓу Верона и Болоња.Според нас подобра е екипата на Верона која се наоѓа на 6-та позиција,игра за излез во Европа и во последните 5 натпревари има 2 победи (Ливорно 2:3,Сасуоло 1:2),1 нерешен натпревар против екипата на Јувентус со резултат 2:2 и 2 порази (Торино 1:3,Рома 1:3).

Од друга страна Болоња се наоѓа на 17-та позиција и игра за опстанок,а во последните 5 натпревари има 1 победа против екипата на Торино со резултат 1:2,1 нерешен натпревар против екипата на Сампдорија со резултат 1:1 и 3 порази (Рома 0:1,Милан 1:0,Удинезе 0:2).

Традицијата пак е на страна на Болоња која има 5 победи,2 нерешени натпревари и 2 порази. Според нас Верона би требало лесно да дојде до 3-те бода денес и нормално да им ги замрси сметките на првите 5 екипи.

Јане Лабоски